Оштетен еден од диносаурисуте во Дино паркот: Чија е одговорноста?

На повеќе македонски портали осамна фотографија дека, наводно, е оштетен вратот на еден од диносаурусите во новоотворениот Дино парк, во склоп на Зоолошката градина во Скопје. 

Дино паркот е голем, скап и амбициозен проект, кој за цел има едукација на посетителите за видовите на едни од најстарите, но денес изумрени видови кои некогаш живееле на оваа планета. 

Но, чија е одговорноста во овој случај? Дали проектот беше неоправдано скап, за да се добијат неквалитетни модели на диносаурусите?

Или пак, можеби и треба да се потсетиме на сите оние засрамувачки апели од страна на управата во кои се замолуваат граѓаните да не ги допираат, клоцаат, удираат и јаваат диносаурусите. Во неколку наврати посетители биле фаќани како им дозволуваат на децата да уринираат токму во близина на диносаурусите. 

На чија одговорност е ова оштетување?