Оружје пронајдено при претрес во скопско

Вчера полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Единица за интервентна полиција го лишија од слобода З.Г.(58) во с.Орешани, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Имено, при претрес извршен со судска наредба во дом и помошни простории кај лицето, полициски службеници пронашле и одзеле една пушка и 15 парчиња муниција.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираа од МВР.