
Кај 65-годишник од Кичево пронајдено оружје во домот.
- На 07.05.2026 во 18:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.С.(65) од Кичево. При претреси во неговиот дом и помошни простории во Кичево и во село Попоец, кичевско, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки и куршуми различен калибар, информираа од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.