Ортопедија остана без раководител, доктор Камнар си даде оставка

Клиниката за ортопедија која е дел од ТОАРИЛУЦ остана без раководител, откако шефот на болницата, Доц.др. Виктор Камнар утрово си поднел оставка на функцијата, јавува Сител. Како што дознава Сител.

Камнар оставката ја поднел поради лични причини.

Камнар раководеше со оваа установа повеќе од три години и за тоа време успеа на операционите сали да им даде нов лик, односно, по повеќе децении беше реновиран хирурршкиот блок на ортопедија.

Кој ќе го наследи Камнар на позицијата засега не е познато.