Оризова вода за совршена кожа и коса

Оризовата вода се користи со векови од жените во Азија за нивната убава кожа и коса. Таа е одличен тоник за лицето, но и за миење на косата. Оризот содржи „питера“ покрај останатите витамини и минерали, која е одлична за ревитализирање на природниот сјај на кожата и нејзино чистење. Питерата се користи во многу козметички производи кои помагаат во одржување на сјајот на кожата и косата.

За подготовка на оризовата вода потребни ви се следните состојки:

 - половина чаша органски ориз

  - вода

 - тегла со капаче

Земете ја чашата ориз и дополнете ја со доволно вода за го покрие оризот. Сепак, употребете органски ориз кој не содржи пестициди. Оставете водата да отстои неколку миути додека не добие замаглена боја. Доколку мислите дека оризот не е доволно чист, можете да ја истурите и да додадете нова повторна. Тоа е вашиот оризов тоник, кој може да се користи како и секој друг тоник. Ставете го во тегла, а потоа чувајте го во фрижидер каде може да стои 4-5 денови.

Исчистете го своето лице користејќи памук. Тоа ќе помогне да се затегнат порите и кожата ќе добие убав сјај. Истата оризова вода се смета за одличен регенератор за коса. По користењето на шампонот, измијте ја косата со оризова вода која ќе отстои на вашата коса неколку минути.

Исто така корисно за нашето здравје е и пиењето оризова вода, коа му дава енергија на нашето тело. Таа содржи и аминокиселини, а одредени видови ориз содржат различни витамини кои секорисни за вашето здравје.