Оптимистички очекувања за туристичката сезона, најавени гости и од скандинавските земји

Се уште не е букирана целата сезона, но очекуваме позитивни резултати, подобри од 2021 година, оцени денеска Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори.

Како што беше речено на прес-конференција, се враќаат туристите од Холандија и Полска, Турците се редовни преку целата година, а веќе се најавуваат и гости од скандинавските земји.

-Сезоната е специфична, бројките варираат. Сепак, се надеваме дека ќе ја достигнеме 2019 година и дека секако ќе бидеме подобри од 2021-ва, истакна претседателот на ТУК, Аркан Керим.

Според Комората, поконкретни резултати за туристичката сезона ќе може да се соопштат наесен.