Општите работници најбарани, ама ги нема ни за лек

Професијата работник води на листата на најбарана професија. Се зголемува и побарувачката на профилите инженер и директор, но рамо до рамо со нив се и угостителските работници.

Од побараните работни профили се и оние за работното место маркетинг агент, сметководител, менаџер и фамацевт, но голема побарувачка има и за столари.

Помалку барани занимања се и за технички секретар, продавач, администратор, магационер, референт, асистент и наставник, а карактеристично е зголемената побарувачка во категоријата "градежништво и архитектура", каде најмногу се бара бравари, архитекти, заварувачи, дреари и водоинсталатери.

Анализата на огласите, покажа дека многу малку се бараат сервисери, графички дизајнери, медицински сестри, инструктори, дистрибутери.

Најмала заинтересираност кај работодавачите има за занимањата агроном, рецепционер, лектор, воспитувач, пиротехничар, фактурист, геолог, библиотекар, архивар, медија планер, контролор, практикант, едукатор, судски вештак, актер и чувар.