Општина Сарај нема информации за дивоградби на Матка

Платформата на Матка е дивоградба и до сега ќе била срушена од Градот Скопје, но градоначалникот тврди дека нема такви ингеренции.

За новата конструкција која никна во заштитеното подрачје Матка, градските инспектори  констатирале неправилности. На локалната власт во Сарај им се заканува одземање на ингеренциите за урбанизам  бидејќи не постапиле за овој случај. 

- Ние излеговме на лице место констатиравме бесправна состојба, го известивме инспекцискиот совет. Заради не активноста на градежната инспекција на о. Сарај во координација со Мин за транспорт го известивме државниот градежен инспекторат и да одлучи за одземање или неодземање на ингеренциите во рамки на урбанизмот на о. Сарај. Јас и сега апелирам до градоначланикот да почне да си ги работи работитте за кои се избрани . Не смееме да дозволиме дивеење во градежниот сектор а особено не дивеење во природните богатства како што е  Матка. Матка е уникатен светски примерот, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

Од општина Сарај не се запознаени за каква градба станува збор. До сега не добиле никаков допис од градот.  Раководителот на урбанизам тврди дека комуналните инспектори се постојано на терен но пријавиле ништо а општината нема градежен инспектор.

Ние не знаеме дека има дивоградба на Матка инспекторот излегол неколку пати. Мислиме дека тоа е поправка на некој објект таму.  Од друга страна ние правиме програма во комуникација сме со градот, програма за урбана опрема. Во таа програма ќе влезат сите објекти кој сака за тераси, елементи објекти. Од град скопје нема допис.Само знам дека некои објекти имаат одобрение од град скопје, некои се легализирани.

Од инспекцискиот совет велат тоа се информации за кои треба да испратиме барање за пристап до информации од јавен карактер. Нема одговор што одлучиле за платформата на Матка. Се уште нема информација ниту какви мерки ќе преземе државниот градежен инспекторат.