Општина Кисела Вода спроведува акција за чистење на урбаните заедници 11 Октомври - бараки и згради

Во рамки на есенската акција за чистење, Општина Кисела Вода спроведува акција за расчистување на отпадоците/сметот во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради.

Утрово, сезонските работници ангажирани од страна на Општината излегоа на терен и во моментов вршат расчистување на улиците, тротоарите и парковите кои се во надлежност на локалната самоуправа.

Со оваа акција опфатено е кастрење на исушените гранки на дрвјата и грмушките. Покрај ова, се собира и кабаст отпад.

Активностите за чистење на урбаните заедници 11 Октомври - згради и бараки ќе продолжат да се одвиваат и утре.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да се придржуваат до законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поздрава животна средина.