Општина Кисела Вода превзема мерки за превенција од пожари

Општина Кисела Вода апелира до сопствениците на плацевите во околината на Расадник, да се погрижат истите да ги искосат и да ја отстранат искосената трева. Ваквите мерки општината ги превзема поради опасноста од пожари во топлите и суви денови кои ни претстојат.

Имајќи ги в предвид жештините кои метеролозите ги најавуваат, а поучени од искуствата од претходните години, надлежните апелираат плацевите да се заштитат од потенцијално опожарување. Сувата трева лесно се потпалува, а летниот ветер го шири огнот со неверојатна брзина. Околу неизградените парцели, има згради кои неодамна се изградија, па доколку дојде до пожар, во потенцијална опасност се жителите на истите.

Во меѓувреме Општина Кисела Вода превзема редовни мерки за заштита на зелените површини кои се во нејзина надлежност.