Општина Кисела Вода ќе ја реконструира улицата „Христо Татарчев- крак 6″

Општина Кисела Вода распиша тендер за реконструкција на кракот 6 на улицата „Христо Татарчев”.

По целата должина на оваа улица ќе се постави нов асфалтен слој. Исто така ќе биде извршено нивелирање на шахтите.

Од кракот 6 се издвојуваат два пристапа до индивидуални објекти, кои исто така ќе претрпат реконструкција.

Градежнитe работи ќе се изведуваат во должина од 125 метри.