Општина Кисела Вода ќе доделува парична помош на спортски клубови

Општина Кисела Вода денеска објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и за спортски манифестации.

За добивање на материјалната помош можат да аплицираат сите спортски субјекти кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на Општина Кисела Вода.

Рокот за пријавување започна денес и трае до 4 октомври, до 16:30 часот. Пријавите со потребната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. „Петар Делјан” бр. 17 или во архивата на Општината со назнака: Пријава за јавен оглас за материјална поддршка на спортски субјекти и манифестации – Комисија.