Општина Кисела Вода ќе додели еднократна парична награда за најдобри просветни работници

Во насока да ги стимулира и мотивирa, како и да ги награди за својата посветена работа и грижата со деца, Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели еднократна парична награда за најдобри просветни работници од општинските основни училишта и воспитувачите и негувателите од јавните детски градинки на територија на општината.

Со еднократна парична награда ќе бидат наградени и најталентираните ученици како и ученици спортисти од основните училишта кои во тековната учебна 2018/2019 година постигнале врвни резултати. Оваа еднократна парична награда ќе претставува дополнителна мотивација кај младите таленти за понатамошен развој и надградување на сопствената личност.

Согласно Правилниците за утврдување на условите и критериумите за наградување донесени од Советот на Општина Кисела Вода, како и после распишаниот оглас за доделување на награди, Комисииите формирани со решение од Градоначалник за избор и наградување на најдобри наставници и стручни соработници од општинските основни училишта, за наградување на најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки, најдобри талентирани ученици од областа на наука, култура и уметност како и наградување на талентирани ученици од областа на спортот од општинските основни училишта од општина Кисела Вода започнаа со разгледување на пристигнатите апликации и бодовна евалуација на истите.

Беа разгледани вкупно 36 пристигнати апликации за избор на најдобри наставници и стручни соработници, 79 апристигнати апликации за избор на најдобра водпитувач и негувател, 112 пристигнати апликации за избор на талентирани ученици спортисти и 123 пристигнати апликации за избор на талентирани ученици од областа на науката, уметноста и културата. По завршувањето на бодовната евалуација, ќе биде направен изборот , а резултатите ќе бидат објавени на општинаската веб страница.