Општина Кисела Вода ќе добие Нега Центар

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска (24.03.2023 година) во Скопје со почеток во 10.00 часот ќе се означи почетокот на работата на Нега Центар Кисела Вода. Центарот е лоциран во рамките на општина Кисела Вода, барака бр.6.

- Развојот на оваа социјална услугата е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка, информира министерството.

Услугата има за цел да го подобри и одржи здравјето на старите лица во нивното семејно опкружување и тоа преку помош во извршување на активности од секојдневниот живот.