Општина Кисела Вода и ЈП Комунална хигиена целосно го исчистија бул. Борис Трајковски

Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ изврши голема акција за целосно расчистување на сметот по целата должина на бул. Борис Трајковски.

Покрај ова, по должината на булеварот беа искосени и нараснатите тревни површини. За успешно спроведување на активностите со кои беа собрани 6 тони смет и песок, Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита ангажираше 38 сезонски работници и еден камион.

Во акцијата ЈП „Комунална хигиена“ вклучи повеќе од 10 работници.