Општина Кисела Вода ги повикува и невладините и спортските здруженија да учествуваат во креирање на Буџетот

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите невладини здруженија, граѓански организации и здруженија, културно-уметнички друштва да бидат дел од работната средба со градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски која ќе се одржи во четврток со почеток во 11 часот во Големата сала на Општината.

Состанокот има цел да се слушнат барањата и потребите на овие субјекти, за истите да можат да бидат испланирани и вклучени во Буџетот за 2019 година, кој во моментов е во подготовка.

Воедно, Општината упатува повик и до сите спортски субјекти лоцирани на оваа територија, клубови, здруженија, организации, да ги презентираат своите потреби и барања пред градоначалникот Темелковски, бидејќи, како што е планирано, во Буџетот ќе бидат издвоени средства за унапредување и развивање на спортот, како еден од приоритетите на оваа локална самоуправа. Работната средба со спортските субјекти е закажана за четврток, во 12:30 часот, во Големата сала на Општина Кисела Вода.

Заради подобра организација на настанот би ве замолиле, претставниците од невладиниот сектор своето присуство да го потврдат до среда, до 16 часот на телефонскиот број 078/226148 (лице за контакт Ана Ѓуроска), додека претставниците од спортските здруженија на телефонскиот број 078/239064 (лице за контакт Зоран Николов).

Инаку, минатата седмица финализираше и циклусот посети на сите месни и урбани заедници на градоначалникот Темелковски и неговиот тим, на кои граѓаните имаа можност директно да ги истакнат своите желби, барања и проблеми кои се под ингеренции на локалната самоуправа, како би можело навремено да се интервенира за нивно решавање. Идеите, предлозите и реалните барања што беа презентирани се ставени на листата со приоритети на општината и ќе бидат темел при формирањето на Буџетот за 2019 година.