Општина Кисела Вода бара што поскоро да се реши проблемот со Центарот за зависници

По повод протестите на месното население кои живеат во непосредна близина на Центарот за зависници во Кисела Вода, а кои деновиве повторно стануваат актуелни, Ве известуваме дека денеска  ќе се организира уште еден обид јавноста да добие вистинска слика за сериозноста на проблемот со кој тие секојдневно се соочуваат.

На овој настан покрај медиумите ќе бидат поканети и сите невладини организации и други институции кои секојдневно го насочуваат својот интерес кон овие теми.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со членовите на Советот на општината ќе присуствува на средбата со цел да ја  изрази својата подршка за што поскоро решавање на овој веќе три децение акутен проблем. Градоначалникот Темелковски е свесен дека овој проблем сето ова време ја загрозува безбедноста и квалитетот на нивниот секојдневен урбан живот и е подготвен да даде максимално учество за конечно изнаоѓање на  трајно решение кое и на самите корисници на  Центарот ќе им овозможат квалитетен прием и потребна нега.