Општина Карпош: Во сабота и недела ќе се врши сечење на 2 тополи на булевар „8 Септември“

Општина Карпош со известување за граѓаните за сечење дрвја на булеварот „8 Септември“. 

-На ден 8 и 9.10.2022 (сабота и недела), ЈП „Паркови и зеленило“, заедно со Општина Карпош ќе извршат сечење на 2 тополи на Булеварот 8 Септември. Согласно решението број 14-6/291/2 од 2.05.2022 година и решението со број 14-6/234/2 од 2009 година, Булеварот 8 Септември ќе биде затворен за сообраќај од 08.00 до 14.00 часот на потег од Булеварот Илинден кај семафорите (Mi-Da Motors) до Булеварот Партзански одреди, во двете насоки - се вели во објавата на Општината.