Општина Карпош со известување до жителите на улица „Њуделхиска"

Општина Карпош ги известува своите сограѓани кои живеат на улица „Њуделхиска", (У.З „Владо Тасевски"), дека поради поставување на нова инсталациона мрежа, почнувајќи од денеска вечер, (06.11.2018), привремено ќе биде исклучено уличното осветлување.

-Поради комплексноста на оваа интервенција, се очекува новото улично осветлување да биде пуштено во употреба, најдоцна, петнаесет дена од почетокот на теренските работи. Однапред ви благодариме на разбирањето, велат од општината.