Во насока на подобрување на здравата животна средина, oпштина Карпош контируирано презема чекори за одржување на јавната чистота, поддржува и директно учествува во акции каде се вклучени претставници од приватниот, граѓанскиот и невладиниот сектор. Но секако, најголемата поддршка ја добиваме од карпошани, особено кога се работи за правилно одложување на отпадот од домаќинствата, велат од оваа скопска општина.
Оттаму упатија апел до сите сограѓани, особено во претстојниот период кога се соочуваме со енормно загадување, да го одложат својот кабаст, електронски и електричен отпад во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 долж булеварот „Илинден“ (позади бензинската станица „Макпетрол“, секој ден во неделата од 7:30 до 19:00 часот.
- Притоа, ги потсетуваме нашите жители дека тоа можат да го сторат со сопствен превоз без никаков паричен надомест. Доколку немаат на располагање сопствени возила, тие можат да се обратат на телефонскиот број: 0800 – 222 -33 каде службите од Јавното комунално претпријатие ќе дојдат со потребната механизација и ќе го транспортираат кабастиот и е-отпадот, за што и ќе ја наплатат оваа услуга, појаснуваат од локалната самоуправа.