Општина Карпош: Службите се на терен од 5 часот утрово, се чистат најкритичните делови во општината

Општина Карпош преку соопштение информира дека службите се терен и снегот расчистува од најкритичните делови во општината.

„Ве информираме дека општинските зимски служби од 5 часот утрово го расчистуваат снегот од најкритичните делови во општината како што се Горно Нерези, Трнодол и Жданец, од улиците Ловќенска и Леринска, како и на повеќе локации во Бардовци, пред се патот што води до ова населено место, кај надвозникот и реонот околу црквата. Веќе е почнато и со расчистување на снегот на сите собирни улици во општината“, се вели во соопштението на општината.