Општина Карпош: Реконструирана улицата Козле 3

Општина Карпош ја реконстурираше улицата Козле 3 која чинеше 6,2 милиони денари, при што беше ставен нов асфалт, нова фекална канализација, а улицата исто така добива и улично осветлување, соопшти градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

„Продолжуваме со подобрување на условите за живот и подобра инфраструктура за граѓаните на општина Карпош. Улицата Козле 3 во Нерези ја решававме во две фази. Првата фаза беше 2,9 милиони денари, каде што ставивме нов асфалт, ги подигнавме шахтите, оставивме простор каде граѓаните можат да ги паркираат своите возила, а ова е втората фаза која чини 3,3 милиони денари, што значи целата операција не чини околу 104.000 евра, или 6,2 милиони денари. Ќе продолжиме и понатаму. Планираме да направиме тротоари, на делот што се лизга да поставиме заштитна ограда, во исто време да поставиме улично осветлување, така да и овој дел од Карпош да добие лик како и останатиот дел од општината.

Исто така треба да имаме предвид дека на овој дел имаме детален урбанистички план и луѓето ќе сакаат да градат куќи. Што значи, со ова, завршуваме еден дел од населбата Козле и делови од Нерези. Поставивме, улично осветлување, фекална канализација, го асфалтиравме патот, останува уште водоснабдувањето кое треба да го реши Градот Скопје и ЈП Водовод и канализација, бидејќи овој дел спаѓа во високата зона од општина Карпош“, изјави градоначалникот Јакимовски.