Општина Карпош продолжува со акцијата за подигање на хаварисани возиа

Општина Карпош во текот на минатата недела продолжи со акцијата за подигање на стари отпадни ( хаварисани) возила согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад. Подигaњето се извршило на територија на ул. Милан Марковиќ како и ул. Џумајска на возила без регистарски таблички кај кои рокот од 10 дена од залепена налепница за дислокација на истото е изминат.

„Повторно АПЕЛИРАМЕ до сите граѓани кои поседуваат таков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на инспекциските служби, да ги отстранат своите возила, во спротивно истите ќе бидат отстранети на нивен трошок. Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени 7 дена а потоа ќе бидат однесени на рециклирање. Акцијата продолжува до конечно подигање на сите отпадни возила на територија на Општина Карпош“, се вели во соопштението.