Општина Карпош реагира на поднесената кривична пријава од страна на МВР и посочуваат дека „Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР, истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана.
„Имено, стручните служби од општина Карпош предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имаат разгледувано, и истиот е решен согласно законските прописи. Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се’ што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар.
Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба“, велат од општината
Од таму додаваат дека во општина Карпош работат квалитетни искусни службеници кои совесно си ги вршат своите работни обврски и убедени се дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски.