
Општина Карпош организира панел-дискусија посветена на подигнувањето на свеста за ракот на дојката, важноста на превенцијата и поддршката на жените кои се соочуваат со оваа болест.
Настанот ќе се одржи денеска (понеделник), со почеток во 18 часот, во салата за Совет на Општина Карпош. На панел-дискусијата ќе учествува д-р Катерина Китановска, примариус специјалист по радиодијагностика, со која ќе се разговара за значењето на редовните прегледи, раното откривање и грижата за сопственото здравје.
Од Општина Карпош ги повикуваат жените да се приклучат на настанот и заеднички да придонесат за поголема информираност и поддршка.
„Еден разговор може да направи разлика. Една поддршка може да даде сила“, порачуваат од Општина Карпош, потсетувајќи дека превенцијата и навремените прегледи се важни во борбата против ракот на дојката.