Општина Карпош објавува повик за бесплатен курс

Врз основа на член 36, став 1, точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/2002), а во врска со дел II.Проектни активности, Точка 5. Бесплатен курс за деловен англиски јазик за дипломирани студенти од Програмата за активностите на Советот на млади на Општина Карпош за 2016 година („Службен гласник на Општина Карпош“бр.15/15) и Одлуката за објавување на оглас за доделување на десплатен курс да деловен англиски јазик за дипломирани студенти, жители на Општина Карпош бр.09-7572/42 од 02.09.2016 година, Градоначалникот на Општина Карпош објавува 

ОГЛАС за доделување бесплатен курс за деловен англиски јазик за дипломирани студенти, жители на Општина Карпош 

I. Услови за аплицирање и критериуми
Кандидатите кои аплицираат на огласот е потребно:
- Да се жители на oпштината Кaрпош, најмалку една година пред денот на објавување на огласот,
- Да се дипломирани и невработени
- студии да ги завршиле не подоцна од 1 година пред денот на објавувањето на огласот
- Познавање на англиски јазик – минимум intermediate ниво

II. Потребни документи
Кон барањето кандидатите треба да ги доставатследните документи:
- Уверение за завршени студии – минимум 180 ЕКТС
- Диплома за познавање на англиски јазик – минимум intermediate ниво .

III. Рангирање
Селекцијата на кандидатите ќе се врши врз основа на исполнети услови од јавниот оглас, на принципот прв дојден-прв услужен.

IV. Начин на пријавување
Документите се доставуваат во Архивата на Општина Карпош (барака 2) или по пошта на ул. Радика бр. 9 – Скопје, со назнака „За доделување бесплатен курс за деловен англиски јазик за дипломирани студенти, жители на Општина Карпош.

V. Рок за поднесување на документи
Огласот трае 5 дена, заклучно со 19.10.2016 година.
Аликациите кои не се комплетни и кои се доставени вон рокот нема да бидат разгледувани.

Документите ќе бидат разгледани од комисија формирана од Градоначалникот и Советот на Општина Карпош.

ГРАДОНАЧАЛНИК