Општина Карпош објави оглас за за финансиска поддршка на спортски клубови од нивната општина

Општина Карпош објави оглас за за финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на општината.

Право на пријавување имаат сите заинтересирани спортски клубови регистрирани со седиште на подрачјето на oпштина Карпош најмалку 3 (три) години, a кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на спортот во општината и пошироко.

Спортските клубови се должни во барањето да ги наведат причините, намената за кои ги барат средствата со финансиска конструкција и спецификација.

Во зависност од приложените документи, финансиската поддршка за клубови кои имат сениорски тимови и млади категории, комисијата може да предложи најмногу до 120.000,00 денари и  ќе се доделува според претходно изготвен правилник за оваа намена кој ќе биде објавен во прилог на овој оглас.  

Клубови кои работат само со млади категории и имаат соодветни спортски постигнувања комисијата може максимално да предложи до 60.000,00 денари.

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 04.07.2025 година. Документите на спортските клубови кои се некомплетни нема да бидат разгледувани. 

Линкот од целиот оглас можете да го најдете во описот на фејсбук објавата на Општина Карпош.