Општина Карпош објави јавен оглас за финансиска поддршка на проекти од областа на образованиетo за 2025 година.
На јавниот оглас можат да учествуваат сите заитересирани физички и правни лица регистрирани за дејности кои го опфаќаат образованието во сите области, а кои со своите програми, проекти и активности придонесуваат за развој на образованието во општината и пошироко. Физичките и правните лица се должни во барањето да ги наведат причините, целите, очекуваните резултати и намената за кои ги бараат средствата.
Проектот треба да е од посебен интерес за граѓаните/жителите на општина Карпош, да предвидува активно вклучување на учениците, наставниците и стручните соработници од општинските основни училишта во Општина Карпош или да е наменетза нив. Проектите да се однесуваат за теми од здравата животна средина, психо-социјалниот живот на учениците, промоција на добросостојба на учениците во семејството и училиштето, заштита од насилство, развивање на спортскиот дух, градење вештини кај наставниците и слично, појаснуваа од локалната самоуправа.
Документите можат да се достават по пошта на ул. „ Радика “ бр. 9 – Скопје или во Архивата на Општина Карпош, барака бр. 2, со ознака „ Не отворај “ и со назнака „ За финансиска поддршка на проекти од областа на образованието за физички и правни лица за 2025 година “.