Општина Карпош го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за проекти од областа на културата.
Право на пријавување имаат сите заинтересирани физички лица жители на Општина Карпош и правни лица регистрирани на територија на Општина Карпош кои ја опфаќаат дејноста култура во сите области, a кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на културата во општината и пошироко.
Огласот е за проекти од областите: издавачка дејност, фолклор, музичко -сценска дејност, театар и глума, ликовно – уметничка изложбена дејност. Физичките и правните лица потребно е во барањето да ги наведат причините, целите, очекуваните резултати и намената за кои ги барат средствата.
Проектите да се од посебен интерес за граѓаните на општината од областа на културата, досегашни домашни и меѓународни настапи, потврда за досегашни организирања на културни манифестации и постигнати успеси.
Вкупната предвидена финансиска рамка која е обезбедена од општината за Финансиска поддршка за проекти од културата е во висина од 1.000.000,00 денари.
Комисијата е должна доставената документација претходно да ја проверува, да подготвува мислење и истите да ги достави до Градоначалниот.
Документите можат да се достават по пошта на ул. Радика бр.9 – Скопје или во Архивата на Општина Карпош (во затворен плик), барака бр.2, со ознака „Не отворај“ и со назнака „За финансиска подршка на проекти од областа на културата за физички и правни лица од подрачјето на Општина Карпош за 2025 година“.
Огласот трае до 31.10.2025 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства, но со услов одобрените средства да бидат реализирани најдоцна до 31.12.2025 година.