Општина Карпош ќе прави нов парк

На потегот од вештачката карпа во Карпош 4 до бунарите на реката Лепенец, Општина Карпош ќе прави нов парк. Според проектот, покрај зеленило во паркот ќе има и други содржини како адреналински парк, игралиште за фудбал и одбојка на песок со монтажни трибини, парк со детски содржини, сквер и урбана опрема, пишува СДК

Дел од парите за изградба на паркот, односно 760.000 евра, се обезбедени од Европската унија како неповратен грант, а Општината од буџетот за првата фаза обезбеди 135.000 евра.

„Секторот за развој при Општина Карпош изминатата година го подготви овој проект и аплицираше за средства од Европската Унија. Договорот за реализација на проектот очекуваме да се склучи после божиќните празници и пролетва да стартуваме со градежни работи. Овој парк ќе се изведува на површина која е најголемиот дел во сопственост на државата“, вели градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

Во овој момент, овој простор каде ќе се наоѓа новиoт парк целосно е запуштен, обраснат со трева и e место за палење огнови на отворено и создавање диви депонии.