Општина Карпош ќе организира повеќе крводарителски акции во претстојниот период

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска имаше средба со економскиот директор на Институтот за трансфузиона медицина Венко Стомнароски.

На средбата Стомнароски упати замолница Општина Карпош повторно да ги активира крводарителските акции затоа што сме соочени со зголемена потреба од крв и крвни продукти, а поради пандемијата намален е бројот на крводарители.

Од тие причини градоначалникот Јакимовски се обврза во следните 20 дена да се организираат крводарителски акции со цел општината да даде свој придонес во обезбедување на неопходните единици на крв за лекување на нашите сограѓани.