Општина Карпош ќе ги пречека првачињата со ранче и основен училишен прибор

Општина Карпош информираше дека ќе ги пречека најмладите ученици со ранче и основен училишен прибор, за секое дете кое за првпат ќе седне во училишните клупи.

За оваа намена, согласно годишната програма на Одделението за образование, од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари.

По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот Сотир Лукровски ќе ги посети основните училишта и лично ќе им ги врачи ранчињата и училишниот прибор на првоодделенците.

„Со оваа мерка, Општина Карпош им посакува топло добредојде и успешен почеток на најмладите ученици, а воедно обезбедува и поддршка за семејствата во пресрет на новата учебна година“, порачаа од Општина Карпош.