Општина Карпош ја започна втората пролетна дератизација на својата територија - ќе бидат опфатени околу 5.000 шахти

Општина Карпош денеска информира дека по барање на граѓаните, ја започнале втората пролетна (интервентна) дератизација на својата територија.

„Со оваа акција ќе бидат опфатени околу 5.000 шахти, а низ процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација ќе поминат сите основни училишта и детски градинки на подрачјето на локалната самоуправа“, посочија од Општината.

Инаку, Општина Карпош ја превзема оваа иницијатива секоја година на пролет и на есен, како превенција од штетните глодари и инсекти, во насока на одржување на здравата животна средина.