Општина Карпош и ЈП Комунална хигиена-Скопје се договорија заеднички и координирано да ја одржуваат хигиената

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски оствари средба со раководителот на ЈП Комунална хигиена-Скопје при што е договорено во периодот што претстои Општина Карпош и ЈП Комунална хигиена Скопје заеднички и координирано да ја одржуваат хигиената во интерес на граѓаните.

-Заеднички е констатирано дека хигиената во оваа општина во голема мера е подобрена од пред три месеци, како и дека граѓаните на Карпош заслужуваат хигиена на високо ниво имајќи го предвид високиот степен на наплата за оваа услуга, информираа од локалната самоуправа на Карпош.