Општина Карпош ги објави добитниците на стипендии за талентирани спортисти

На официјалната Фејсбук страница, Општина Карпош ја објави листата на добитниците на стипендии за талентирани спортисти за учебната 2022/2023 година.

Вкупно се доделени 22 стипендии, на деца од 8 и 9 одделение, од Општинските основни училишта „Владо Тасевски“, „Вера Циривири Трена“, „Војдан Чернодрински“; „Лазо Трповски“, „Петар Поп Арсов“, „Христијан Т.Карпош“ и „Јан Амос Коменски“.

Целата листа е објавена на следниот линк.