По повод 50-годишнината од основањето на Општина Карпош, беа доделени 185 хуманитарни пакети на семејства во социјален ризик од општината.

Акцијата е реализирана со придонес на децата од општинските градинки, учениците од основните училишта и вработените во општинската администрација. Пакетите содржат прехранбени производи, конзервирана храна и средства за хигиена.
Градоначалникот Сотир Лукровски лично ги доделуваше пакетите на две локации, во населбите Влае 1 и Карпош 2. Тој истакна дека целта на акцијата е да се обезбеди поддршка за семејствата на кои им е најпотребна, посочувајќи дека бројот на хуманитарни пакети се зголемува секоја година за да се опфатат повеќе домаќинства.
Од Општина Карпош најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со поддршка на хуманитарни иницијативи и граѓаните на кои им е потребна помош.