Општина Карпош целосно го исчисти просторот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“

Во првите 100 дена се расчистени диви депонии на повеќе локации, целосно е исчистен просторот кај СЦ „Борис Трајковски“, а на потегот кај „Скупи 5“ и кон Бардовци се подигнати над 3.500 кубни метри отпад, информираа од општина Карпош во отчетот за 100 дена работа од мандатот на градоначалникот Сотир Лукровски. 

Повеќе од 50 реализирани интервенции на јавното осветлување, спроведена е редовна дератизација и одржување на противпожарната инфраструктура во училиштата и градинките. Објавен е повик за стерилизација на улични мачки , а во училиштата започнаа активности за производство на компост и намалување на аерозагадувањето, се наведува во отчетот на општината од каде велат дека чист Карпош не е слоган - тоа е работа на терен.