Општина Илинден се подготвува за Водици

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во населба Илинден, соопштија од општината Илинден.

„За таа цел се повикуваат граѓаните на ден 19.01.2018 г. (петок) со почеток во 12:00 часот, да присуствуваат на оваа манифестација и заеднички да го одбележиме овој голем ден за сите христијани“ се наведува во соопштението.

Сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“, во населба Илинден.
За најсреќниот учесник што ќе успее да го фати крстот, обезбедени се пригодни подароци.