Општина Илинден организира голема хуманитарна акција

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Општина Илинден и оваа година ја организира големата хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден“, за донација на храна и хигиенски средства, информираат од локалната самоуправа.

- Целта на оваа голема хуманитарна акција е да им се помогне на ранливите категории на граѓани од општина Илинден, велигденските празници да ги прослават достојно како и останатите граѓани. Христовото воскресение е празнување на вечниот живот и вечната радост, па за овој празник да внесеме надеж во домовите на луѓето на кои единствено надежта и вербата им останале, велат од Општина Илинден.

Оттаму ги покануваат сите општествено одговорни компании да земат учество во хуманитарната акција со цел сите заедно да придонесеме за подигнување на свеста за потребната меѓусебна поддршка и помош на ранливите групи.

Сите заинтересирани општествено одговорни компании кои сакаат да се приклучат во акцијата, можат да се обратат директно во Општина Илинден или на телефонскиот број: 02/2571-703 или 02/2571-704