Општина Илинден: Континуирано одржување на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација

Со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, Општина Илинден информира дека континуирано работи на одржување на постоечката и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на локалните улици и патишта.

– На неколку локации во населба Илинден извршено е обележување на хоризонталната сигнализација, со што покрај подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, сообраќајниците во општината добиваат нов лик. Притоа, на барање на жителите извршено е и обележување на нови пешачки премини, посочуваат од Општина Илинден.

Оттаму потенцираат дека во рамки на континуираното одржување на вертикалната и на хоризонталната патна сообраќајна сигнализација, а со цел поголема информираност на учесниците во сообраќајот поставени се и повеќе информативни табли и патокази на влезовите во општината, како и сообраќајни знаци

Реализацијата на проектите од областа на патната инфраструктура во насока на поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, посебно на пешаците и на велосипедистите, како и подобрувањето на секојдневната комуникација на жителите, остануваат приоритет во работењето на Општина Илинден.