Општина Илинден изгради ново детско игралиште

Деновиве се изврши комплетно уредување на просторот пред Домот на култура во централниот дел на населеното место Бујковци, информира градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.

Изградено е ново детско игралиште каде се поставени детски реквизити, нишалки и лизгалки, клупа како и канти за отпадоци кои ќе придонесат да имаме почиста и поубава средина.

звршена е целосна реконструкција на игралиштето за кошарка, каде се поставени две нови табли, извршено е комплетно партерно уредување како и целосно оградување на просторот.

Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба и реконструкција на детските игралишта и игралишта за спортување и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината.