Општина Илинден ги повикува граѓаните да даваат свои предлози и идеи за заедничко креирање на буџетот

Во организација на Општина Илинден, во рамките на планирањето на Буџетот за 2019 година, на 05.12.2018 година (среда) со почеток во 17:00 часот, во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ ќе се одржи Буџетски форум.

На форумот граѓаните ќе бидат запознаени со процесот на буџетирање, како и програмите за развој на Општината во 2019 година. По тој повод, се покануваат сите заинтересирани граѓани да учествуваат во јавната расправа и со дефинирањето на приоритетните предлог проекти и проектни активности да придонесат во развојот на локалната заедница.

Транспарентноста во креирањето на Буџетот за следната година, Општина Илинден ја практикува за да им излезе во пресрет на барањата и потребите на граѓаните, со единствена цел рамномерен развој на сите населени места  и овозможување на квалитетни услови за живеење на сите граѓани.