Општина Илинден ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за наредната година. Од денеска до 29 ноември 2024 година ќе се реализира процесот на изработка на новиот Буџет за 2025 година велат од општината.
„Посветени на оваа цел, ги повикуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица за активно учество во креирање на новиот буџет со свои предлози за подобрување на условите за живот, да ги посочат предлозите, потребите и проблемите со кои се соочуваат во општината.
Ваквата инклузивна можност со директно учество од страна на сите граѓани, здруженија и правни лица ќе овозможи ефективни механизми за подобрување на квалитетот на локалните услуги и ќе воспостави процеси на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт.
Општина Илинден ги повикува и охрабрува сите граѓани предлозите преку пополнување на анкетен лист да ги испратат по електронски пат на официјалната е-маил адреса ilinden@ilinden.gov.mk или директно во архивата на општината секој работен ден до 29.11.2024 година“, се вели во соопштението на општина Илиден.
Од таму додаваат дека предлозите ќе бидат анализирани од соодветните одделенија, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на проектите и ќе бидат интегрирани во нивните програми