Општина Илиден доби ново возило за собирање комунален отпад

Се подновива возниот парк на ЈКП „Илинден“. Градоначалникот на општина Илиден Александар Георгиевски денес присуствуваше на промоција на новото возило. Тој истакна дека ова специјално возило е со капацитет од 21м3, и ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад низ населените места во Илинден.

Градоначалникот додаде дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите, а со набавката на комунални возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие, како и ефикасноста на вработените.

Возниот парк во ЈКП „Илинден“ континуирано се обновува, такашто во изминатиот период досега претпријатието има набавено четири комунални возила и една градежна машина со приклучна механизација за косење и кастрење на вегетација, Мулчер.