Општина Ѓорче Петров за прв пат доделува субвенции за набавка на клима уреди или топлотни пумпи

Општина Ѓорче Петров објави јавен повик за субвенции за набавка на клима уреди или топлотни пумпи !

Општината за прв пат доделува субвенции за набавка на клима уреди или топлотни пумпи за затоплување на домаќинствата, со цел да ги стимулира граѓаните кон поекономично и еколошки прифатливо затоплување.

На јавниот повик може да аплицираат жители на општина Ѓорче Петров кои:

- имаат живеалиште на подрачјето на општината

- набавиле клима уред или топлотна пумпа во период од 01.01.2025 до 30.06.2025

- не користат и немаат техничка можност за приклучок на градско централно греење

- користеле печка на дрва, јаглен, нафта или мазут и се согласни доброволно да ја предадат на Општината

- не добиле претходно субвенција за печки за загревање (печка на пелети) или инвертери

Општината субвенционира: до 50% или максимум 15.000 денари за клима уред, до 10% или максимум 21.000 денари за топлотна пумпа. 

 Данокот на личен доход го покрива општината. 

 Документацијата се поднесува во затворен плик во архивата на општината, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот.

 Јавниот повик е отворен до 30.06.2025 година или до исцрпување на буџетските средства.

 Постапката ќе се реализира по редослед на пристигнување на барањата со комплетна документација.

 Оваа мерка е дел од политиките на Општина Ѓорче Петров за енергетска ефикасност, заштита на животната средина и чист воздух, велат од општината.