Општина Ѓорче Петров во хумана мисија, доделени 150 зимски јакни за лицата од социјален ризик

Во  овие студени денови и минусни температури, се трудиме да им помогнеме на оние на  кои им е најнеопходна нашата помош.  Во соработка со невладиниот сектор  обезбедивме 150 зимски јакни за лицата од социјален ризик. Тие ќе бидат доделени на семејствата кои ги има во нашата евиденција.

Благодарение на социјалната патролна служба која функционира една година успеавме да созададеме  првична социјална карта на лица која живеат во сиромаштија, социјално исклучени, жртви на семејно насилство, бездомници. За една година беа евидентирани 186 слуачи. Но, проектот на социјална партолна служба продолжува и оваа година. Предвидувањата се дека за 2 години патролните служби ќе ја помината целата територија на општина Ѓорче Петров со што би добиле една целосна социјална карта, преку која ќе можеме да им излезе во пресрет на овие лица.

Целта е да се добие една база на податоци на лица од социјален ризик преку која ефективно ќе делуваме во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Паралелно, течат и други проекти поврзани со социјалата.  Доделување на еднократка парична помош (лани,  исплатени се 18 илиди евра за оваа намена) новогодишни пакетчиња,  повеќекратна помош во храна и хигиенски средства, додлување на дрва, организираме и повеќе хуманитарни настани а собраните средствата од нив се наменети за социјално-загрозените лица.