
Општина Ѓорче Петров организира голем пречек за Никола Станишиќ.
Вечерва, со почеток во 19 часот, во паркот Ѓорче Петров да го поздравиме нашиот херој, гордоста на цела Македонија, како што заслужува и да ја слушнеме победничката песна! - споделија од општина Ѓорче Петров.
Најавуваат вечер за паметење!
25-годишникот Никола е победник на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Тој беше единствениот Македонец кој пееше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, а во своето Волково ќе се врати со победничкиот трофеј. Прва му честиташе неговата менторка, српската фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражантовиќ.
Покрај признание и статуа, тој беше награден и со автомобил „фиат“, како и комплетен маркетинг што ќе му помогне во понатамошната кариера.