Градоначалникот на општина Ѓорче Петров на неговиот Фејсбук профил сподели дека општината започна со предпразничната програма наменета за сите генерации.
„Стартот на новогодишната зимска бајка беше означен со детскиот фестивал Поточиња. Овој настан беше вистинска прослава на новогодишниот дух, а посебно беше наменет за најмладите жители на нашата општина. Нашите најмили дечиња беа во фокусот на оваа неверојатна новогодишна прослава која ги израдува срцата на сите! Атмосферата беше исполнета со среќа, смеење и веселба, а најголемиот успех беше тоа што сите деца се вратија дома со радост и магични спомени.
Театарската претстава „Го чекаме Дедо Мраз” од Театарот Чекори беше вистински хит!
Нашите малечки уживаа во прекрасните актерски изведби и магијата на новогодишниот дух.
Многу деца имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз и да ги напишат своите новогодишни желби! Ова беше момент за кој долго ќе се сеќаваат и што ќе го носат со себе како најубав спомен од овој празник. Атмосферата беше дополнително збогатена со омилените маскоти од најпопуларните цртани филмови!
Децата се забавуваа и веселeа, а позитивни вибрации се чувствуваа од сите страни.
На штандовите се сервираа топли пијалоци и вкусна храна, кои создадоа уште поубава атмосфера за сите, особено за оние кои уживаа во зимската магија!
И, конечно, големиот музички концерт со учество на најдобрите македонски изведувачи беше вистински кулминација на вечерта! ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски го загреаа цело Ѓорче со звуците на македонските хитови. Одлична забава за сите генерации“, напиша Стојкоски.