Општина Ѓорче Петров се приклучи на глобалната иницијатива „Да ги направиме градовите отпорни 2030“

Општина Ѓорче Петров за првпат се приклучи на глобалната иницијатива „Да ги направиме градовите отпорни 2030“ (MCR2030), ваквата вест ја објави градоначалникот Александар Стојкоски на социјалните мрежи. Тој додава дека оваа иницијатива претставува клучен чекор кон развојот на локалниот капацитет за управување со ризици и за зголемување на отпорноста на нашите заедници пред катастрофи.

„Подготовката за катастрофи не е само одговорност на националните влади, туку и на локалните самоуправи. Затоа соработката со UNDRR и Центарот за Управување со Кризи е од суштинско значење. Преку техничката поддршка и учеството во пополнување на Картата за резултати за отпорност на катастрофи, општина Ѓорче Петров има можност да направи значителен напредок во создавањето на одржлива инфраструктура, подобра координација и најважно зголемена свест за ризиците со кои се соочуваме.

Нашиот пат започна со проценка на отпорноста, но тоа е само почеток. Целта е да се изградат политики и стратегии кои ќе бидат адаптирани на локалните реалности, но кои истовремено ќе бидат дел од глобалната Рамка за намалување на ризикот од катастрофи“, напиша Стојкоски