Општина Ѓорче Петров: Родителите нема да плаќаат за градинка додека трае вонредната состојба

Советот на Општина Ѓорче Петров донесе одлука за ослободување на родителите од надомест за трошоци за градинка на територија на општината, информираат оттаму. Одлуката е за периодот на траење на вонредната состојба во земјава.

-Први и единствени во земјата изгласавме „нула трошок“ додека дечињата седат дома, а градинките се затворени. Во време на пандемија, повторно излегуваме во пресрет на граѓаните. Нема простор за дилема кога станува збор за вакви ситуации. Централно и локално, со сите сили се обидуваме да ги намалите трошоците на семејствата во услови кога економијата на светско ниво, но и семејните буџети трпат последици од Ковид-19 – информираат од општината.